НВО „Грин-Лист“

НВО "ГРИН-ЛИСТ", Битола, Македонија

Здружението "ГРИН-ЛИСТ" е основано во 2009 год. со цел да придонесе кон развојот на демократската, еколошката, туристичката и културната свест во градењето на меѓусебната толеранција и почитувањето на различни мислења и верувања. За да ги оствари своите цели и задачи, Здружението организира јавни дебати, панел дискусии и јавни расправи. Исто така, здружението контактира со медиумите за да ја информира јавноста за содржината на активностите на здружението.
Телата на здружението се:
  • Собрание;
  • Претседател на Здружението;
  • Надзорен орган.

Здружението постојано има 12-15 волонтери кои придонесуваат за реализација на проектите.

Здружението "ГРИН-ЛИСТ" е вклучено во реализација на многу проекти и соработува со други невладини организации, со владини здруженија и со поединци од земјата и странство.

Здружението "ГРИН-ЛИСТ" активно учествува во хуманитарни акции, иницира процеси за развој на граѓанската свест во областа на образованието, културата, екологијата, туризмот, родовата еднаквост.

Соработува со основните и средните училишта и организира едукативни работилници од областа на мултимедија и уметност.

ГРИН-ЛИСТ има реализирано проекти со: Министерството за култура на РМ, Владата на РМ, Општина Битола и јавните институции (театри, библиотеки и училишта), Европската комисија за образование, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Проекти од програмата ИПАРД.

  1. „CINECULTURE“ (2018-2020)
    Interreg IPA II Cros- border Cooperation Programme "Greеce - the former Yugoslav Republic of Macedonia 2014-2020" Проект за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција (Општина Едеса, Општина Битола, Општинско претпријатие Едеса и Здружение за развој на екологијата, туризмот и културната соработка ГРИН-ЛИСТ Битола). Проектот е со реф. број (CN1-SO 1.3- SC005)
  2. Напредни образовни вештини за возрасни – Erasmus + (2020-1-MK01-KA104- 077499)
  3. „ИКТ вештини за едукатори“ (2018-2019)
    Проект со реф. број (2018-1-MK01-KA104-046926) поддржан од Националната агенција за европски образовми програми и мобилност во рамките на програмата Еразмус + на Европската комисија
  4. „Сјајот на минатото патоказ кон иднината -КУЛТАРТ-“ (2020) проект за заштита на културното наследство на Република Северна Македонија - дигитализација и видео презентација - поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија;
  5. Ревија на Европскиот филм (2019) - Нов културен бран - поддржано од Министерството за култура на Република Северна Македонија;
  6. „Со Битола растеме“ (2017) - проект за културна историја на градот Битола, категоризиран во книги за деца COBISS.MK-ID 103840778, поддржан од Општина Битола;
  7. "Боите на Битола" (2015) - Документарна видео разгледница која го претставува културното наследство на Битола во различни средини.
  8. "Божиќна приказна за Дедо Мраз" (2014/2015) – Новогодишна театарска интерактивна детска претстава;
  9. "Звукот на брановите" (2014) - ДВД презентација дизајнирана да ги запознае луѓето со оштетен слух и визија со потенцијалите што ги нуди модерното издаваштво; Овде се објаснува начинот како луѓето со оштетен слух можат дигитално да пребаруваат и да користат книги од библиотечниот фонд.
  10. "Македонско природно наследство-документарна видео разгледница" (2014) -DVD презентација на туризмот и еко-локалитетите на Македонија;
  11. "Битола-градска сцена" (2014) - документарен филм во кој се претставени сите постоечки и потенцијални сцени за изведувачките уметности во Битола;
  12. "Новогодишна потера по Дедо Мраз" (2014) - интерактивна детска театарска претстава дизајнирана да ја развие имагинацијата и креативноста кај децата;
  13. "Бит-фест-културен одраз на времето" (2013) –Документарен филм за развојот на Битолскиот културен летен фестивал (Бит-фест) во периодот 2006-2013 кој ги опфаќа најважните настани и ги презентира настаните како важен сегмент во развојот на културата во Битола
  14. "Македонија на дланка" (2012-2013) -DVD презентација на локациите за еко-туризмот во Македонија. (Проект за дигитализација на заштитените екосистеми во Македонија со приоритет на нивната туристичка и културна важност). Целта и тенденцијата на овој проект е визуелно да ги претстави сите постојни капацитети за туризам и екотуризам во Република Македонија, во форма на ДВД-разгледница.;
  15. "Македонски природно наследство" (2012) - документарна видео разгледница, прикажување и архивирање на локации заштитени со закон во Македонија;
  16. "Преспа - допир со природата" (2011) - изложба на дигитални фотографии што ги прикажуваат природните резерви во регионот на Преспа;
  17. "Подај ми рака" (2011) - Хуманитарна кампања со ТВ места за надминување на расните, етничките и половите бариери и разлики...

 

Здружението учествува како партнер, во повеќе ИПА и ИПАРД проекти.

Здружението активно ги следи сите иновации во образовниот систем во Р. Македонија, како што се: проектот за зајакнување на доживотното учење и проектот за модернизација на образованието подготвено од Министерството за образование и наука и Програмата EPALE од Европската комисија.

Други линкови:

Статут

Завршна сметка 2014

Завршна сметка 2015

Завршна сметка 2016

Завршна сметка 2017

Завршна сметка 2018

Завршна сметка 2019